Левица поднесе претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Левица денеска до АВМУ, ДИК, ДЗР, ДКСК и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација достави претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025.

,,Со оваа претставка реагираме по повод Нацртот на новото скандалозно и досега невидено и нечуено Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое е произволно, паушално и противправно толкување и извитоперување на смислата и духот на законските одредби.

Со ова Упатство се создаде драконски рестрективна правна интерпретација, невиден скандал во историјата на независна плуралистичка Македонија и за прв пат на една легална регистрирана партија ќе и биде забрането да се рекламира дури и со свои пари. Ова е еклатантен облик на директна политичка дискриминација и повреда на еднаквоста и рамноправноста“, велатодопозициската партија.

Слични содржини