Левица со поддршка за независен кандидат за градоначалник во Битола

Левица ја информира јавноста дека ќе го поддржи архитектот Зоран Николовски во трката за градоначалник

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Левица

Левица на локалните избори во Битола ќе излезе со поддршка за независниот кандидат Зоран Николовски, информираа од партијата.

-Чест ни е да ја најавиме широката и победничка платформа за Битола со која Левица ќе настапи на престојните локални избори. И официјално, ја информираме јавноста дека политичката партија Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски, како докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град, додаваат од Левица.

Во градот кој е бастион на Левица, соопштуваат од партијата, веруваме дека поддршката за кандидатот Николовски претставува авангардна комбинација која ќе донесе промени и нови идеи за Битола.

-На овие избори настапуваме со јасна визија за нашата Битола, во која ги обединуваме прогресивните и компетентни потенцијали, создаваме платформа на интелектуалци и професионалци, кои целото свое знаење ќе го стават во служба на една идеја – Битола, нагласуваат од Левица.