Откако повторно извиси да обезбеди ново парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ за да го амортизира незадоволството во членството, одлучи со лаги и манипулации да ја нападне единствената опозициона партија, Левица. Во нивното денешно соопштение, клеветејќи ги пратениците на Левица, лажно обвинија дека Левица направила кворум на Владата, соопштуваат од Левица
„Имено, пратениците на Левица воопшто НЕ ГЛАСАА за дневниот ред на 103 седница, а беа присутни во салата затоа што имаа нивен предлог-закон за измена и дополнување на Кривичниот законик, по што истите ја напуштија салата. За јавноста да ја знае вистината, потенцираме дека во салата претходно веќе имаше обезбедено КВОРУМ од 62 пратеници на владејачкото мнозинство“, наведуваат оттаму.
Од Левица препорачаа Мицкоски наместо да се занимава со Левица, да ја започне долгонајавуваната блокада на институциите, како што самиот ветувал доколку нема избори.
Во соопштението беше споделен и доказ, како што наведоа од партијата, од Листинг од гласање на дневниот ред – каде се гледа дека пратениците на Левица воопшто не гласале.