Левица: Зошто вмровски градоначалници, во вмровски општини, исплатиле илјадници евра на „Пуцко Петрол“ со која раководи кадар на ДУИ?

од Vladimir Zorba
416 прегледи

„Чесните кадри на Мицкоски го позлатиле пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски и неговиот син Асмир Јахоски кој раководи со компанијата Пуцко Петрол, компанија која пратеникот на ДУИ ја има оформено и со која долго време лично раководеше“, соопштија од битолскиот огранок на Левица.

„Нејасно е зошто вмровските градоначалници, во вмровските општини исплатиле илјадници евра на компанијата Пуцко Петрол со која раководи кадар на ДУИ, партија која ВМРО-ДПМНЕ ја посочи како криминален елемент во Владата!

Општина Битола склучила договор за Набавка на течни горива- Набавка на лесно масло за горење – екстра лесно масло за затоплување ЕЛ-1 слкучен на ден 02.11.2022 во вредност од 5.668.956,00ден. Потпишан од Тони Коњановски.

Договор со ЈКП Битола за Екстра лесно масло за греење склучен на ден 16.02.2022 во вредност од 1.730.588,00ден. Потпишал директор Пеце Милевски. Од Битола вкупно 7.400.544 ден.

Факт е дека соработката помеѓу Мицкоски и ДУИ е нераскинлива“, велат од Левица

Слични содржини