„Левица и Апасиев по стапките на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, напаѓаат и дисквалификуваат граѓански организации“

од Берта Китинска
181 прегледи

Прекинувањето на соработката на Општина Карпош со граѓанска организација, нападите и дисквалификациите кон невладините организации од лидерот и членовите на партијата Левица, само покажува дека оваа партија не е ништо друго освен приврзок на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од СДСМ.

-Денес, Левица предводена од Димитар Апасиев се однесува исто како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а претходно од Никола Груевски.Наместо да поддржат проекти кои им помагаат на ранливите категории граѓани, како оној на Општина Карпош и невладината организација ХЕРА, Левица заради исполнување на хировите на Апасиев исклучува граѓански организации од соработка и прекинува проекти во интерес на граѓаните.Тоа не само што е удар врз демократијата и отвореноста на инситуциите, потсетува на некои минати времиња кога режимот вршеше хајка кон граѓански организации кои укажуваа на неправилности во работењето на институциите, соопштија од партијата.

Оттаму додадоа дека е лага ставот на советничката во Советот на општина Карпош дека за конкретниот проект се трошеле пари од општинскиот Буџет.

-Како што информираа од невладината организација, ХЕРА не била корисник на финансиски средства од Општината Карпош за каква било активност или проект.
Откако влезе во советите, Левица секојдневно покажува дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, се однесува нечесно и неодговорно, работи на штета на граѓаните, посочуваат од СДСМ.