„Левица“ денеска поднесе кривична пријава против премиерот на Македонија Зоран Заев, за, како што тврдат оттаму, „нарушување на уставниот поредок на државата“.

Според членот на партијата, Димитар Апасиев, премиерот ги загрозил преговарачките позиции на Македонија и ја довел државата во зависна положба од друга држава.
„Се повикуваме на официјалните изјави на Заев и Ципрас. Со прифаќање на „ерга омнес“ и изјавата на Заев дека тој ќе се стори се што е во моќ на премиерот тоа да стане официјана држанва политика, на Македонија и се подриени меѓународните позиции во преговарачкиот процес, нанесена и е штета и државата е доведена во зависност од друга држава“, изјави Апасиев од Левица, и побараа распит на Заеви процесуирање на случајот.
Тој додава дека постои можност да ја прошират пријавата и против шефот на дипломатијата Никола Димитиров, кој спред нив, јавно признал дека тој стои зад ваквиот предлог од македонска страна.