Полицијата во Левистон во четвртокот објави дека дошло до пукање на две локации – во ресторан и во куглана. Жителката Рајли Думонт изјави дека нејзината 11-годишна ќерка учествувала во детска лига во куглање кога го слушнала пукањето, во кое Роберт Кард уби најмалку 22 лица.
Таа рече дека нејзиниот татко, пензиониран полицаец, го турнал нивното семејство во ќош кога убиецот упаднал во просторијата.
„Јас лежев врз ќерка ми, а мајка ми лежеше врз мене“, изјавила таа. Навела и дека видела три или четири жртви.
Били Џејн Кук, која се кандидира за место во градскиот совет, вели дека го напуштила настан откако била објавена веста за пукањето.
„Хеликоптери, сирени, нашиот град никогаш не бил толку жив. Тоа е ужасно. Едноставно не мислите дека ова некогаш ќе се случи – и се случи“, нагласи Кук.
Таа додаде дека целиот град е под блокада.
Да потсетиме, во средата вечерта во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, загинаа најмалку 22 лица, а беа ранети меѓу 50 и 60 лица. Полицијата го идентификуваше Роберт Р. Кард од Баудоен како убиецот.
Сведоците на пукањето биле од сите возрасти, вклучително и тинејџери, рече градоначалникот Џејсон Левеск, а локалните училишта најавија дека ќе ја откажат наставата во четврток.