LG ќе испорачува OLED панели за новите iPhone модели

од Vlatko K
78 прегледи

Досега, Samsung беше ексклузивен снабдувач на OLED панели на Apple, но ова ќе се промени со новите модели на iPhone. Корејското издание ETNews пишува дека американската компанија ги избрала LG како втор снабдувач на такви компоненти и тоа ќе ја загрози доминацијата на Samsung кај мобилните OLED дисплеи. Овој потег, сепак, ќе им помогне на Apple да ги прошири своите добавувачи и да добие OLED панели по пониска цена.

Според ETNews, неодамна флексибилните OLED панели на LG од шестата генерација поминале низ тестовите за квалитет на Apple, а како дополнување, компанијата се кани да започне масовно производство во две линии во својата фабрика E6, кои до неодамна работеа во тест режим.

Според изданието, LG Display најверојатно ќе го зголеми своето присуство на пазарот на мобилни OLED дисплеи со потенцијални договори со други производители на смартфони како Huawei, Xiaomi и Oppo.