Лицата родени во овие 3 хороскопски знаци се најголеми трошачи

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Дури и кога прават финансиски план и ги наведуваат приходите и расходите, некои луѓе не успеваат да заштедат ниту денар. Астролозите тврдат дека оваа особина е заедничка за родените во три хороскопски знаци, поради нивната несериозност и авантуристичка природа.

Ова се хороскопските знаци кои најмногу трошат:

Близнаци

Тие се најнеодговорни кога се во прашање парите. Тие се толку невнимателни со парите што можат да ја потрошат целата плата во еден ден. Тие често се во долгови, со оглед на тоа дека прекумерното трошење е правило, а не исклучок.

Стрелец

Поради изразениот оптимизам, припадниците на овој знак лесно ги преминуваат границите на реалноста. Тие се добронамерни, но непромислени, па често се губат во планови за кои немаат апсолутно никакви пари. Сакаат забава и последниот денар ќе го потрошат за да си поминат убаво.

Лав

Лавовите трошат најголем дел од парите на себе и не им е грижа дали имаат пари на нивната банкарска сметка. Уживаат во луксузна облека и накит, а најголемиот дел од парите ги трошат на такви работи. Кога ќе паднат во долгови, тие често се препуштаат на коцкање за да се обидат да заработат пари на лесен начин.

Слични содржини