„Лицемерие на Далас, бев шокиран!“ Саша Дончиќ за трејдот на неговиот син за кој зборува светот

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Саша Дончиќ, татко на славниот НБА кошаркар, гостувајќи на словенечката телевизија Арена Спорт, се осврна на заминувањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес, каде вчера беше трејдуван од Далас Маверикс. Во зделката која вклучува три тима, Ентони Дејвис отиде кај „телињата“, додека Лејкерси, покрај словенечката суперѕвезда, добија силно центарско присуство и во Маркиф Морис и Макси Клебер.

Саша Дончиќ тврди дека и тој бил изненаден од одлуката на генералниот менаџер на Далас, Ник Харисон, и дека му се допаѓа идејата Лука да игра за Лејкерси, бидејќи тоа е добро позната франшиза од град со силна кошаркарска традиција.

„И јас бев изненаден, дури и шокиран. Отпрвин не верував дека е вистина, беше навистина чудно. Но, очигледно се е можно во НБА. Така се случи овој трејд”, започна Саша, гостин на познатиот водител Дани Бавац. „Лично, мислам дека тоа не е лоша работа – особено долгорочно. На крајот на краиштата, знаеме дека трите најпознати франшизи во НБА се: Лејкерс, Бостон и Њујорк Никс. Лука нема апсолутно ништо да загуби со ова“, рече Дончиќ.

Драго му е што Лука ќе биде дел од тим со голема историја.

„Секогаш се трудам да гледам позитивно на работите, особено во овој случај. Тој оди во Лос Анџелес, феноменален град. Кошаркарската традиција е исклучителна, знаеме кој играше за Лејкерс. Меџик, Коби, Шек, Џабар. Многу суперѕвезди ..” . Бидејќи сè се случува толку брзо, ова ќе биде стресен период за него сега. Но мислам дека се ќе биде во ред. Тој е спортист и професионалец, а времето ќе покаже за кого беше добар овој трејд. Мислам тоа е повеќе за него“.

Тешко се помирил со фактот дека Лука, и покрај тоа што е заштитно лице на франшизата, последен дознал за трејдот и дека за тоа бил информиран дури откако се било договорено.

„Ја разбирам филозофијата кога одреден играч не е калибар за вашиот тим. Тоа ми е јасно. Но, ова криење, би рекол од одредени луѓе, па дури и еден вид лицемерие – тоа ме боли. Лука не го заслужи тоа. Тој даде многу за овој клуб. Сега слушам дека сакаат да се извинат. Тоа не ми изгледа фер. Знам дека Лука имаше голема почит кон Далас, целиот град, им помагаше на децата. Никогаш немал проблем да оди во болници или сиропиталишта. Минатата година одигра 100 натпревари од 40 минути, постојано со двајца или тројца играчи на себе. А потоа да се каже такви работи сега – тоа е навистина неточно. Го продадовте, застанете зад него, не се оправдувај сега“, рекол Саша.

Ова ќе биде дополнителна мотивација за Лука.

„Тој лесно би се вклопил во многу НБА тимови без никаков проблем. Сега е во Лејкерси и верувам дека ќе ги направи уште подобри. Сосема сум сигурен дека тоа не е лоша работа. Тоа ќе биде дополнителна мотивација за него. Кога зборуваат за физичка подготвеност, тоа се само изговори направени од поединци за да ја оправдаат оваа одлука. Факт е дека ова му беше прва тешка повреда по седум години. Верувајте ми, не би сакал лето како што имаше тој. Сакам да уживам во животот. Јас наутро одам на плажа, а тој четири часа во теретана и тренира како „будала“. Но, во ред, тоа е негова должност, тоа е професионализам“.

Лицемерието на генералниот менаџер Ник Харисон…

„Тие рекоа дека Лука е неподготвен. Па, ако беше неподготвен досега, тогаш не знам како би играл ако е фит. Тогаш тој во просек би давал по 60 поени, 30 асистенции и 22 скока? Не го разбирам тоа … Мислам дека ова се „лари-фари“ приказни со кои, првенствено мислам на Ник Харисон, тие се обидуваат да го оправдаат она што го направија. Она што најмногу ме погоди беше начинот на кој се случи. Лицемерниот начин на Харисон. И оние „лари-фари“ приказни за тоа како Лука не бил подготвен. Од некој кој е на висока позиција и треба да знае нешто за кошарката – тоа е навистина неправедно“, заклучи Саша Дончиќ.

Слични содржини