Во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот, соопштија од МВР.
Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на 16.10.2021година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.