Лидерите на албанските партии од земјава на средба со Рама во Тирана

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, наводно ги поканил на неофицијална средба лидерите на сите политички партии од албанскиот блок во Северна Македонија.

Средбата, како што објави албанската новинска агенција Журнал, повикувајќи се на извори од албанските партии, ќе се одржи во вторник (10 јануари) во Тирана.

Покана за средбата добиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, првиот човек на Беса, Билал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.

Засега се нејасни поводот и причината поради кои е свикана средбата.

Според албанските медиуми, се работи за неформална средба на која, меѓу другото, ќе стане збор за политичката состојба во Северна Македонија, но и за други прашања од политичката сцена на Балканот.

Слични содржини