Лидерите на Г7 го исмејуваа рускиот претседател Владимир Путин на ручек, шегувајќи се со неговите фотографии на кои јава коњ соблечен гол до полоцината. Лидерите на Групата седум индустриски земји (Г7) во моментов се во Германија.
– Нема сако? Со сако? Да се соблечеме?, прашал британскиот премиер Борис Џонсон додека седел на маса со колегите, лидерите на најголемите светски економии, објави „Дејли мејл“.
-Да ја почекаме фотографијата, изјавил канадскиот премиер Џастин Трудо.
– Мораме да покажеме дека сме посилни од Путин, да ги покажеме нашите „плочки“, рекол Џонсон.
Се вмешала и Урсула фон дер Лајен која рекла дека јавањето е најдобро, пренесува Дејли Меил.
Присутен беше и американскиот претседател Џозеф Бајден, но се чинеше дека тој не учествувал во шегите.
Фото: Stefan Rousseau / PA Images / Profimedia