Меѓу оние кои пробаа да го пробијат полицискиот кордон беше и Јанко Бачев, кој во еден момент се издвои од групата демонстранти и се качи врз оклопното возило и ги развеа знамињата, се задржа така неколку минути, а потоа на барање на полицаец се симна од полициското возило.

Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Вергина в раце се качи на полициската оклопна кола, на вечерашниот протест пред Собранието против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој има и повредени.
Меѓу оние кои пробаа да го пробијат полицискиот кордон беше и Бачев, кој во еден момент се издвои од групата демонстранти и се качи врз оклопното возило и го развеа руското и знамето од вергина .
Неговата партија Народно движење за Македонија во јануари годинава го смени името во Единствена Македонија, а се залага за стратешко партнерство со Русија и е против зачленување на Македонија во НАТО и Европската Унија.
Во вечерашните демонстрации пред Собранието, во кои се повредени 7 полицајци и две жени,а 25 демонстранто се приведени .
Протестите ги организираа навивачките групи по социјачните мрежи а се против договорот со Грција за конечно решавање на спорот за името, кој вчера во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
https://www.facebook.com/RSEMK/videos/10156017234113725/