Лидерот на тимот на СЗО: Коронавирусот стигнал до Вухан на „комплициран начин“

од Nikola Popovski
178 прегледи

Питер Бен Ембарек, кој предводеше тим од независни експерти во едномесечна посета на кинескиот град Вухан, каде епидемијата на коронавирус за првпат се појави на пазарот на морски плодови кон крајот на 2019 година, рече дека тимот открил нови информации, но не драматично e промененет заклучокот за појавата на инфекција.

„Патувањето од кој било животински вид до пазарот Хуанан траеше долго и беше комплицирано, а вклучувало движење преку границите“, рекол Ембарек на скоро тричасовната прес-конференција.

Ембарек истакнал дека работата за идентификување на потеклото на коронавирусот укажува на природен резервоар на лилјаци, но тешко е прифатливо дека тие се наоѓале во Вухан.

Истражителите исто така барале кинески примероци од крв што може да покажат дека вирусот циркулирал претходно отколку што се сметало, рече тој.

„Во обид да разбереме што се случило од декември 2019 година, започнавме многу детално и темелно пребарување на други случаи што можеби беа пропуштени, а се случија пред 2019 година“, рече тој.

„И заклучокот беше дека не најдовме докази за големи епидемии кои би можеле да бидат поврзани со случаите на КОВИД-19 пред декември 2019 година во Вухан или на друго место.

Можноста дека вирусот протекол од лабораторијата – што беше предмет на теории на заговор – беше крајно малку веројатна и не бараше дополнителни студии“, истакнал Ембарек.

Лианг Ваниан, раководител на кинескиот стручен комитет за избувнување на епидемијата, рече дека има докази за инфекции со коронавирус кои можеле да му претходеа на првиот откриен случај за „неколку недели“.

„Ова сугерира дека не можеме да ја исклучиме можноста дека циркулирал во други региони, а не е пријавено“, рече тој на брифингот.

Слични содржини