Во моментот во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна лидерската средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.
Пред влезот во Кабинетот на лидерите на политичките партии, како и на претставниците од власта им се измери телесната температура.