Лидерска: Заев смета дека избори во септември се несоодветни

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Извори од лидерската брифираат дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев аргументирал дека предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за избори во септември се несоодветни, пред се од здравствен аспект, затоа што следи нов пик, ризик поголем за здравјето на граѓаните.

Заев, според истите извори, му рекол на Мицкоски дека „избори во септември се избори во непознато, долг период без Собрание, загрозени и здравје и демократија и економија, што е крајно неодговорно“.

Од друга страна пак, Мицкоски на лидерската средба ги спорел документите што ги доставила Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ/ОДИХР кои биле сериозна аргументација дека изборите треба да се случат во првиот можен термин.

Мицкоски признал дека без датум за избори ниту ДИК, ниту ОБСЕ можат конкретни активности да развиваат и се сложил дека е потребно да се одреди датум за избори.