Екипата на Фенербахче се радуваше на триумф против англискиот гигант Манчестер Јунајтед во дерби натпреварот од 4.коло во фудбалската Лига Европа.
На средбата одиграна во Истанбул, во рамките од А групата Фенербахче го победи Манчестер Јунајтед со со 2-1.
Составот на Зенит ја оствари и четвртата победа совладувајќи го Дандлок, со што тимот од Санкт Петерсбург е обезбеди пласман во нокаутфазата напоролет.
Резултати од натпревари кои се играа во терминот од 19 часот:
А група: Зорја Луханск – Феенорд 1-1 и Фенербахче – Манчестер Јунајтед 2-1.
Б група: Локомотив Астана – Олимпијакос 1-1 и АПОЕЛ Никозија – Јанг Бојс 1-0
Ц група: Кабала – Сент Етијен 1-2 и Андерлехт – Мајнц 3-1
Д група: Зенит Ст.Петерсбург – Дандолк 2-1 и Макаби Тел Авив – АЗ Алкмар 0-0.
Е група: Австрија Виена – Рома 1-4 и Астра – Викторија Плзењ 1-1.
Ф група: Сасуоло – Рапид Виена 2-0 и Атлетик Билбао – Генк 1-1.
Натпреварите од другите шест групи се играат вечерва./МИА