49
Фудбалерите на Македонија победија во последното коло од 4. група Ц од Лигата на нации.
Во Скопје, Македонија ги совладаа Фарските Острови со 1:0 со голот на напаѓачот на Џирона, Бојан Миовски (62) и го потврдија првото место во групата со пет победи и едно реми. Македонските фудбалери следната година ќе играат во Лига Б.
Нашите момци врзаа пет победи без примен гол, што е своевиден рекорд и показател за одличната форма во која се македонската репрезентација.
Македонија го освои првото место во групата со 16 бодови и претходно обезбеди пласман во Б дивизијата од Лигата на нации.
Ерменија е на второто место со седум бодови, Фарските Острови се трети со шест, додека Летонија е последна со четири бода.
Фото: ФФМ