Лига за сениорки, плеј оф супер лига, бараж за супер лига, супер интересна завршница на првенството

од desk4
92 прегледи
 Во салата на општинското училиште Никола Карев викендов во Крушево се одигра завршниот турнир од лигата за сениорки. На турнирот учествуваа три екипи: Рисови, Крива Паланка и екипата на домаќините Крушево. Супериорно до шампионската титула стигна екипата на Рисови, втори беа сениорките на Крива Паланка додека третото место им припадна на Крушево.
 
ж 1.jpg
Првиот полуфинален плеј оф натпревар помеѓу Младост и Телеком НЕЦ заврши со победа на Младост со вкупен резултат од 2:1
Првата средба мечу овие две екипи се одигра на 11 Мај во Скопје во кој Прилепчани беа поуспешни од скопската екипа на Телеком НЕЦ со 4:3.
Втората и третата средба се одиграа во Прилеп. Втората средба убедливо ја добија скопјани со 4:1, додека третата средба која донесе неизвесност исто како и првиот натпревар во Скопје ја добија играчите на прилепски Младост со 4:3, со што прилепчани се првиот финалист. Младост во финалето го очекува победникот од натпреварот помеѓу Вардар и Младост 96
по м т.jpg
Во Кочани се одигра бараж натпревар за пополнување на супер лигата меѓу екипите на Кочани кои беа второпласирани во регуларниот тек на првата лига и УГД од Штип седмопласирани во супер лигата. Штипски УГД го задржа супер лигашкиот статус, забележувајќи убедлива победа над Кочани од 4:0.
бараж.jpg
Резултати
ППК Скопје Рисови-ППК Крива Паланка 4-0 
ППК Скопје Рисови-ППК Крушево 4-1
ППК Крива Паланка-ППК Крушево 4-2