Лигата на нации започнува со возбудливи пресметки, Македонија гостува на Бугарија

од Vladimir Zorba
278 прегледи

УЕФА Лигата на нации денеска започнува со серија возбудливи пресметки. Несомнено најинтересен е натпреварот на Македонија против Бугарија од 18.00 часот во Разград, но на програмата има и други интересни натпревари.

Врв на програмата дефинитивно е пиринејското дерби меѓу Шпанија и Португалија кое ќе се одигра на стадионот на Бетис во Севиља со почеток од 20.45 часот. Интересно, токму во оваа арена Португалија забележа едen од најголемите порази во историјата – 0:5, но во далечната 1929 година.

Тренерот на Ла Фурија, Луис Енрике се очекува од првата минута да се обложи на пет играчи на неговата омилена Барселона. Станува збор за дефанзивците Ерик Гарсија и Жорди Алба, играчот од средниот ред Серхио Бускетс и играчите на водечките позиции Гави и Феран Торес.

Ќе мора да му помогнат на напаѓачот Алваро Мората. За Португалија мегаѕвездата Кристијано Роналдо тргнува од првата минута и продолжува да воодушевува и на 37 години. Во одбраната ќе игра 39-годишниот Пепе.

Други поинтересни пресметки се дуелите меѓу Чешка и Швајцарија, како и тој меѓу Србија и Норвешка.

Милевски: Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди на официјална прес-конференција ги споделија своите очекувања за утрешниот натпревар против Бугарија во Разград на отворањето од новото издание на Лига на нации.

„За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена, а единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. Баражите одамна се зад нас, секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери. Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот. Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме“, изјави селекторот пред мечот во Разград.

Барди: Чест ми е да сум капитен

Енис Барди, капитен на македонската А репрезентација изјави дека тимот има искуство, и подготвен е да игра паметно и кога сме фаворити.

„Имаме победнички менталитет. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот. Чест ми е да сум капитен, но секогаш велам дека сите сме капитени и сите во одредени моменти можеме да дадеме дополнителна вредност. Успехот на селекцијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“, посочи репрезентативецот.

Слични содржини