Селекторот на репрезентацијата на Лихтенштајн, Мартин Стокласа, во Скопје понесе 23 играчи, кои вечерва ќе се соочат со нашата репрезентација на стадионот „Тодор Проески“.
Најголемиот проблем за Лихтенштајн е што многу нивни играчи немаат одиграно натпреварувачки натпревар неколку месеци. Квалификацискиот натпревар од првото коло против Ерменија беше прв после подолго време, па затоа е доведено во прашање колку ќе бидат во можност за втор натпревар по само три дена.
Екипата е без повредениот напаѓач Денис Салановиќ, како и искусниот дефанзивен играч за врска Мартин Бухел, кој не е доволно физички подготвен, како и играчот за врска на Асколи, Марсел Бухел, кој побарал да остане во својот клуб и да не се приклучи на репрезентацијата за овој циклус.
Составот на лихтенштајнската репрезентација:
Бенјамин Бухел – Вадуз, Лихтенштајн
Томас Хоби – Балзерс, Лихтенштајн
Џастин Оспелт – Вадуз, Лихтенштајн
Даниел Брендл – Пулах, Германија
Максимилијан Гепел – Ешен / Морен, Лихтенштајн
Рафаел Гриненфелдер – Балзерс, Лихтенштајн
Јенс Хофер – Биел-Биен, Швајцарија
Даниел Кауфман – Ешен / Морен Лихтенштајн
Андреас Малин – Дорнбирн, Австрија
Александар Марксер – Ешен / Морен, Лихтенштајн
Мартин Марксер – Остермундиген, Швајцарија
Сандро Волфингер – Ешен / Морен, Лихтенштајн
Сејхан Јилдиз – Балзерс, Лихтенштајн
Никлас Бек – Ругел Лихтенштајн
Ноа Фроммелт – Ешен / Морен Лихтенштајн
Николас Хаслер – Тун Швајцарија
Ливио Мејер – Ешен / Морен Лихтенштајн
Арон Селе – Чур 97 Швајцарија
Фабио Волфингер – Ешен / Морен Лихтенштајн
Ноа Фрик – Нојчетел Хамакс Швајцарија
Јаник Фрик – Енерџи Германија
Ридван Кардесоглу – Балцерс Лихтенштајн
Симон Куне – Ешен / Морен Лихтенштајн