Ликвидиран е водач на албанските џихадисти во Ирак

од Vladimir Zorba
107 прегледи

При воздушен напад врз “Исламска држава” во Мосул беше ликвидиран водач на албанските џихадисти во Ирак и Сирија Лавдрим Махуџери чие џихад име е Абу Абдулах ал Косова.

29-годишниот водач од Качаник, викан “Касапинот од Качаник”, и уште еден негов сонародник од Косово беа убиени вчера, тврди “Тирана Обзервер”. Досега имаше неколку пораки за неговото ликвидирање, но сите тие се покажаа неточни.

Убиен водачот на албанските џихадисти Абу Абдулах ал-Косова

Овој пат, сепак неговата смрт беше потврдена од неговото семејство во Качаник.