Лила Стојановска: На Бојан му позајмив пола милион денари, мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“

од Aleksandar Todeski

Лила Стојановска на почетокот на сведочењето на рочиштето за „Рекет“ изјави дека не е скарана со никој, меѓутоа дека веќе не е блиска пријателка со првообвинетиот Бојан Јовановски.

– Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку скарни, па после пак се смиривме, вели таа.

Стојановска сведочеше и дека Јовановски и побарал донација од 20.000 евра за 1ТВ,пари кои таа ги дала за да му помогне.

– Во 2018 година на Бојан му позајмив 500 илјади денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица, посочи Стојановска.

Таа додаде и дека биле неколку пати на викенд на одмор.

– Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно се беше платено однапред, додаде таа.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини