Лили Роуз Деп го прослави својот 20-ти роденден со секси селфи, покажувајќи дека веќе се чувствува како жена. Ќерката на Џони Деп се збогуваше со нејзините тинејџерски години, одбележувајќи го настанот во Инстаграм.
Прекрасната ѕвездена наследничка, која, покрај тоа што работи како модел, изгледа и како модел како и нејзината мајка, Ванеса Парадис, наполни 20 години во понеделникот, 27-ми мај.
Неколку нејзини познати другарки напишале коментари под нејзината фотографија на социјалната мрежа.
“Среќен, среќен роденден!”, ѝ посака актерката Лили Колинс, а моделот Стела Максвел оддаде почит на својата другарка со зборовите: “Среќен роденден, Лил, те сакам.”
Кога Лили-Роуз наполни 18 години, нејзиниот татко, Џони Деп, изјави пред водителката Елен Деџенерис: “Таа израсна неверојатно брзо. Пред моите очи се претвори во жена … Тоа ме измачува како татко. Но, таа се справува толку добро со својот живот, таа е и разумна и кул. “
Пред неколку месеци стана јасно дека Лили Роуз има врска со друг француско-американски актер, Тимоти Шалам.