Лим од градилиште падна врз велосипедист во центарот на Скопје

МВР со детали за несреќата во која лим падна врз велосипедист во скопски Центар

од Nikola Popovski
29 прегледи

Велосипедист завршил во болница откако му паднал лим од градилиште, информираа од полиција.

– На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, порачаа од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини