Љимај: Распуштањето на косовскиот Парламент само со согласност на партиите

од desk4
107 прегледи

Претседателот на косовската Социјалдемократска иницијатива Фатмир Љимај изјави дека по оставката на премиерот Рамуш Хардинај парламентот нема да може да се распушти без согласноста на политичките партиии, што, исто така, оневозможува распишување вонредни избори.

Тој за приштинската телевизија К7 кажа дека и претседателот Хашим Тачи нема право да го распушти собранието без согласноста на политичките партии во парламентот.

-Не постои друг начин за избори освен распуштање на парламентот, рече Љимај, пренесе РТК2.

Љимај прецизираше и дека „распуштањето на парламентот не може да се прогласи без потребните 80 пратенички гласови“.