Линделоф ќе биде подготвен за дербито со Сити

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер доби добри вести од медицинскиот штаб на клубот. Дефанзивецот Виктор Линделоф се опорави и ќе може да игра во дербито со Манчестер Сити.

Швеѓанецот ја пропушти пресметката со Аталанта во Лигата на шампионите оваа недела поради повреда добиена на тренинг, но сега е здрав и подготвен за игра, соопштија од клубот.

Враќањето на Линделоф го израдува Солскјер, особено во овој тежок момент кога уште еден централен дефанзивец, Рафаел Варан, заработи повреда која би го оддалечила од терените речиси еден месец.

Тренерот почна да типува на шема со тројца централни дефанзивци на последните натпревари, а ќе може повторно да ја искористи против Сити. Тој би можел да се потпре на Линделоф, Ерик Баи и Хари Мегваер како партнери во одбраната.

Слични содржини