Линделоф вети: Ќе успееме да ја нормализираме ситуацијата

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф зборуваше за перформансите на тимот оваа сезона.

„Тимот има подеми и падови. Не се претставивме како што би сакале, резултатите не се најдобри. Се наоѓаме во тежок период, но ќе успееме да ја нормализираме ситуацијата“, изјави Швеѓанецот за Fotbollskanalen.

Според дефанзивецот, Јунајтед има многу добар тим со талентирани играчи.

„Секако дека од нас се очекуваше да играме подобро. Но понекогаш тоа се случува во фудбалот. Понекогаш има црни моменти, не игравме како што би сакале, а ни резултатите не се многу добри. Никој не е среќен поради тоа, само ние може да промениме сè. Затоа сите работат на постигнување најдобри резултати“, додаде дефанзивецот.

По 11 кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има 17 бодови и се наоѓа на 6. место во поредокот. Во групната фаза од Лигата на шампионите, „црвените ѓаволи“ по четири кола водат во својата група со седум бода.

Слични содржини