107
Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер е револтиран од однесувањето на навивачите на “трите лава”, кои се тепаа со руски навивачи во Марсеј пред дуелот помеѓу двата тима на Евро 2016.
Двајца Британци се во критична состојба по борбите, уште четворица се со сериозни повреди, приведени се шест. Полицијата беше принудена да користи водени топови и солзавец за да ги растера Ултрашите. “Тоа е апсолутен срам за земјата!”, Категоричен е Линекер. “Може да се зборува за провокации од страна на полицијата или други навивачи, кои предизвикуваат проблеми, но се чини дека тоа се случува само кога игра репрезентацијата на Англија”, напиша уште Линекерна својот Твитер профил