Лионел Меси шести пат е фудбалер на годината

од desk4

 Аргентинецот Лионел Меси после четири години пауза, повторно е избран за фудбалер на годината, според изборот на Светската фудбалска федерација, ФИФА.

Кристијано Роналдо не дојде на гала-церемонијата во Милано, тоа беше најава дека тој не е победник, па остана дилемата дали е Вирџил Ван Дајк или Меси.

Во гласањето учествуваа капитените на репрезентациите од целиот свет, и новинари.

Меси по шести пат е играч на годината, првпат по 2015 година. Во женска конкуренција, признанието го доби Американката Меган Рапино. 

Слични содржини