Сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена. Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет. Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови на Северна Македонија, истакна германската министерка за Европа, Ана Лирман.
Таа заедно со државнатa секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“ имаа средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ по што одржаа заедничка прес – конференција.
Лирман истакна дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Северна Македонија како пример за мултиетничко општество.
-Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Северна Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Северна Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.
Лирман беше децидна дека сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобрата иднина, на иднината во ЕУ.
-Договорот меѓу Северна Македонија и ЕУ е фер, исправен е, нема да има подобра спогодба тоа е сигурно. Иднината на Северна Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече таа.