Лишени од слобода возачи од Кичево и Гевгелија, управувале возила под дејство на алкохол

На 08.12.2025 во 00:30 часот, на магистралниот пат Кичево- Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид е лишен од слобода Т.С.(41) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: МВР

На 07.12.2025 во 23:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Б.(45) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Б. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесена кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.