Коронавирусот достигнува нови пикови во земјава. Во вчерашната статитика беше забележан рекорден број на починати откако пандемијата се појави во земјава.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само во земјава, туку и во светот, бидејќи се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран.
Во моментов најмногу активни случаи има на овие места:
Скопје 59394, активни 10281
Прилеп 7190, активни 1106
Куманово 7020, активни 966
Тетово 6397, активни 633
Гостивар 4612, активни 501
Велес 4618, активни 780
Кавадарци 4532, активни 727
Битола 4637, активни 897
Охрид 4219, активни 837
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.