Бројот на заразени лица деновиве се зголемува. Дури 70 проценит од лицата кои се новоинфицирани се заразени со британската мутација.
Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 7 февруари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кавадарци. „Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 8.418,9 на 100.000 жители, Скопје (7.646,1/100.000) и Неготино (7.414,9/100.000), а најниска инциденца со 2.277,4 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод“, стои во извештајот на ИЈЗ.
Листа на градови со најмногу заболени и активни случаи:
Скопје 440, активни 4745
Прилеп 64, активни 733
Кавадарци 50, активни 565
Охрид 26, активни 417
Неготино 31, активни 340
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845 .