ЛИСТА: На кое место е Македонија во споредба со земјите од регионот во борба со коронавирусот?

од Берта Китинска
195 прегледи

Во земјата се зголемува бројот на заболени со коронавирусот, но вчера исто така беше регистриран и поголем број оздравени лица – 42.

Од почетокот на епидемијата во Северна Македонија регистрирани се 908 дијагностицирани со Ковид-19 и 44 починати. Позитивни на тестовите за коронавирусот вчера биле нови 54 лица, од кои најголем број односно 25 во Куманово. Општинскиот кризен штаб од овој град побара Владата да донесе одлука за карантин со посебни мерки.

Бројот на починати кај нас на милион жители изнесува 21 и тој е поголем во однос на другите земјите од регионот, освен во Словенија каде изнесува 27. Во однос на излекувани пациенти кои кај нас се 86, подобри сме само од Бугарија каде има излекувани 81 пациент, но и помал број на заболени отколку кај нас.Сите останати државни од регионот, на оваа црна листа, се зад нас, со помала смртност, што значи и поуспешна борба против коронавирусот.

Еве колкава е смртноста на милион жители, во останатите држави од регионот:

Турција 17

БиХ 12

Србија 11

Грција 10

Албанија 8

Хрватска 8

Црна Гора 6

Бугарија 5

Под нас на листата која покажува број на заразени на милион жители се:

Црна Гора 451

Хрватска 415

БиХ 330

Грција 208

Албанија 165

Бугарија 106

Колку тестови се направени на еден милион жители?

Словенија 17291

Турција 5260

Грција 4682

Црна Гора 4568

Хрватска 4472

Македонија 4446

БиХ 3782

Србија 2678

Бугарија 2663

Албанија 1496

Слични содржини