181
Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1.226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.
Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 025, бројката на оздравени пациенти е 1 646, а на починати е 153.
Според Институтот за јавно здравје најмногу активни случаи на Ковис 19 има во Скопје, односно во Чаир каде се регистрирани 169.