Епидемијата полека стивнува. Бројот на активни случаи се намалува во сите градови во земјава.
Во моментов во Скопје и Куманово има најголем број на активни случаи, додека пак најмалку има во:
Берово 1028, Активни 2
Дебар 939, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 8
Валандово 665, Активни 3
Богданци 494, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Во земјава во тек е вакцинацијата против ковид 19. Вчера започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести.
Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза.Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза.Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.