ЛИСТА: Штип и Гостивар со над 300 активни случаи на Ковид 19

од Берта Китинска
129 прегледи

Најмногу заболени со ковид 19 и натаму има главниот град.

Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 1177, во Штип 319, во Гостивар 306, во Куманово 263, во Тетово 171, во Струга 160, во Дебар 128, во Кичево 121, во Свети Николе 116, во Кавадарци 103, во Охрид 77, во Битола 74, во Македонски Брод 41, во Демир Хисар 29, во Виница 29, во Струмица 25, во Кочани 23, во Прибиштип 18, во Велес 27, Гевгелија 14, во Крива Паланка 12, Неготино 12, Рсен 12, во Радовиш 11, во Крушево 5, во Берово 4, во Делчево 3 и во Валандово има еден активен случај.

Од Министерството за здравство вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките.

Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.

– Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели, затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок! Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни!, изјави министерот за здравство  Венко Филипче.

Здравствените власти  порачуваат дека нема оправдување за неносење маска и постојано апелираат да се почитуваат сите мерки зе заштита.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.