ЛИСТА: Центар, Аеродром и Карпош со над 100 заразени лица со коронавирусот

од Берта Китинска
264 прегледи

Скопје и Тетово се градовите во Македонија со најголем број на случаи позитивни на коронавирус.

Активни случаи во Скопје има 1.698, согласно последните информации од Институтот за јавно здравје, додека во Тетово бројот на активни случаи изнесува 325.

Чаир е скопска општина со најголем број позитивни активни случаи на коронавирус, 394. Следуваат Гази баба со 156, Бутел 144, Сарај и Центар со 137, Аеродром 135 активни случаи на Ковид-19.

Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=2.023)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.698
Чаир 394
Гази Баба 156
Бутел 144
Сарај 137
Центар 137
Аеродром 135
Карпош 116
Кисела Вода 98
Студеничани 86
Ѓорче Петров 83
Шуто Оризари 73
Арачиново 55
Илинден 31
Чучер Сандево 16
Петровец 14
Сопиште 13
странец 4
непознато 4
Зелениково 2
Тетово 325
Тетово 198
Теарце 39
Боговиње 24
Желино 23
Брвеница 21
Јегуновце 20

Слични содржини