ЛИСТА: Во овие пет македонски градови најмногу се шири коронавирусот

од Берта Китинска
197 прегледи

Вчера беа регистрирани  нови 162 случаи на ковид-19 од 1.350 тестирања во изминатото деноноќие.

Во болнички услови се починати се тројца пациенти од Скопје на возраст од 55, 80 и 81 година и еден 81-годишен пациент од Штип.

• Прилеп 689, активни 124

• Тетово 1.455, активни 149
• Струмица 261, активни 156
• Скопје 7.100, активни 775

• Куманово 1.777, активни 184

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 18.138, од кои оздравени се 15.068, починати се 743, а во моментов активни се 2.327.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека витаминот Д најмногу помага за превенција, но и за лечење на Ковид 19.

„ Витамин Д најмногу помага, не само во превенција, туку и во третман на болеста. Одлични резултати имаат тие пациенти кои се лекуваат со висока доза на витамин Д“, изјави Филипче, и додаде дека кај нас нема недостаток на ниту еден лек.

За големата смртност од вирусот, Филипче повтори дека тоа најмногу се должи на задоцнетото доаѓање во болница.

„Самите се решаваат да се лекуваат и покрај нашите апели и барањата на матичните лекари да се јават во болница. Тоа го констатираме по тоа што навистина на приемот во болница, толку се лоши параметрите на сатурација со кислород, што и да се направи, за жал не може да им се помогне“, соопшти министерот.

Слични содржини