ЛИСТА: Во овие три македонски града има најголем број активни случаи на Ковид 19

од Берта Китинска
379 прегледи

Најголем број на активни носители на коронавирусот во моментов според податоците на министерството за здравство се во овие три град:

Скопје 42311, активни 2967

Охрид 3031, активни 388

Кавадарци 2932, активни 417

Во земјава пред извесен период беше регистриран и првиот случај со британскиот сој.

Првиот пациент со овој тип на вирус во лабораторија на МАНУ е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Слични содржини