„Листата за вработувања” е фабрикувана во штабовите на ДУИ, порачаа од партијата на Меџити

од Nikola Popovski
35 прегледи

Штабот на лагите на ДУИ, кој функционира во егзил и има обврска секојдневно да произведува и шири лажни вести, пуштил во оптек лажна листа за вработувања. Т.н. „листа за вработувања” е фабрикувана во штабовите на ДУИ кои се кријат од правдата. ДД не има составено такви листи, затоа што ДД не е ДУИ, велат преку соопштение од партијата Демократско движење која е дел од коалицијата ВЛЕН.

Според партијата на вицепремиерот Изет Меџити, фабрикацијата на сите овие лажни вести конечно докажува две работи.

-Прво, ДУИ е опседната со Демократското Движење, и второ, ДУИ е исплашена до коска од преминувањето на здравите структури од ДУИ кон ДД на Изет Меџити.

Албанците кои ќе бидат вработени од сите населени места каде што живеат и делуваат не можат да бидат вклучени во еден лажен документ, затоа што тие се илјадници. Ова право е загарантирано со Устав, децидни се од Демократското движење.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска реагираше на изјавата на првиот вицепремиер дека за една година на власт ќе бидат вработени до 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација, велејќи дека тоа е апсолутно неприфатливо и дека нема да се случи додека тој е на премиерската функција.

Опозициската СДСМ во ова гледа обид за вдомување на неквалитетен кадар во институциите и повика Антикорупциската комисија да го истражи случајот. Од ВМРО-ДПМНЕ велат оти ќе нема масовни вработувања по етнички клуч, а ако се пополнуваат празните места во администрацијата тоа ќе биде во согласност со пописот и реалните потреби на институциите.

Слични содржини