84
Родители жртвуваат кариера и даваат откази од работа само за да останат дома со своето хендикепирано дете. Зошто децата со хендикеп немаат соодветни услови за образование? Зошто не може да се спречи сегрегацијата при вработување на хендикепираните и како да престанат да се кршат нивните работнички права? Какви бариери им поставува државата? 10 до 15 отсто од граѓаните имаат некаков хендикеп, а нема кој да им излезе во пресрет. Исплашени, посрамотени и исклучени од општеството многумина од нив цел живот го минуваат затворени. Оваа видео сторија прикажува неколку животни приказни на лица со хендикеп кои го надминале тоа и недостатокот го претвориле во предност. Соговорниците потврдија дека тие се навистина сложувалката која недостасува.