Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ги осудува инцидентите на плоштадот Скендербег во Скопје.
-Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и изпланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.
Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денеска е функционер на ВМРО, директор на Комунална хигиена во Скопје.
ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување меѓуетнички инциденти и насилство на протестите. Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа, соопштија од партијата со седиште во Мала Речица.
Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски обвини фотографија од човек со пиштол за кој тврди дека се обидел да го убие.