Литванските власти му го забранија прелетот на Вучиќ кон Москва преку нивна територија

од Љубиша Владимиров
79 прегледи

Литванските власти официјално забранија прелет на авион на српската влада, во кој се наоѓал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на пат кон Москва. Според литванските институции, одлуката за забрана на прелетот била донесена поради, како што наведуваат, „техничка и дипломатска чувствителност“. Слична забрана неодамна беше воведена и за словачкиот премиер Роберт Фицо, кому му беше оневозможено да лета над територијата на Полска и Литванија, со цел да не присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата над нацизмот.

Посетата на Вучиќ на САД, која претходеше на ова патување, беше нагло прекината откако беше објавено дека претседателот се разболел. По враќањето во Белград, Вучиќ беше пренесен на Воено-медицинската академија, каде помина неколку часа, по што ги откажа сите планирани активности. Сепак, не се откажа од намерата да присуствува на Парадата на победата во Москва на 9 мај.

„Доаѓам, освен ако нешто не ми се случи или Србија не биде загрозена од некаква закана,“ изјави Вучиќ, а потсетува новинската агенција ТАСС.

Од Кремљ, пак, потврдија дека српскиот претседател ќе има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Планиран е разговор меѓу Владимир Путин и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ,“ изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.

Тој додаде дека, покрај билатералните прашања, лидерите ќе разговараат и за ситуацијата на Западен Балкан. Москва очекува 29 странски лидери да присуствуваат на прославата по повод Денот на победата на 9 мај.

Слични содржини