Ливерпул не се откажува од идејата да го ангажира играчот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло. 22-годишниот талент долго време е во нишанот на „црвените“, кои продолжуваат да го следат неговиот развој под водство на Жозе Мурињо и многу е веројатно дека ќе упатат понуда за него на лето, тврди „Газета дело спорт“.
Заниоло долго време беше надвор од терените откако мораше да оди на операција на двете колена поради скршеници на вкрстените лигаменти. Оваа сезона, сепак, играчот од средниот ред се врати во игра и повторно почна да го покажува најдоброто за што е способен. Има 39 натпревари, 7 гола и 8 асистенции во сите натпреварувања.
Заниоло има договор со Рома до 2024 година, па клубот е во силна позиција во можните преговори за негова продажба. Освен Ливерпул, за него се интересираат и други тимови, најчесто се поврзува со Јувентус каде се поврзува за замена за Пауло Дибала.
Во моментов цената на фудбалерот е околу 35 милиони евра.