Заниоло го откачи Тотенхем

од Vladimir Zorba

Крилниот напаѓач на Рома, Николо Заниоло категорично ја отфрли можноста за преселба во Тотенхем и ќе потпише нов договор со „волците“. Двете страни ќе се обврзат до 2027 година, а платата на италијанскиот интернационалец ќе скокне на 4,5 милиони евра по сезона. Тоа е речиси двојно повеќе од неговата сегашна плата.

Актуелниот договор на Заниоло истекува следното лето. До неодамна се чинеше дека тој нема да продолжи и клубот е подготвен да преговара за трансфер во Англија. Од Тотенхем беа подготвени да дадат 60 милиони евра за Италијанецот, но ситуацијата се променила. Заниоло разговарал со Жозе Мурињо, кој го убедил да остане на Олимпико.

Минатата сезона напаѓачот запиша вкупно 42 официјални натпревари, на кои постигна 8 голови и 9 асистенции. Рома со неговиот гол го совлада Феенорд во финалето на Конференциската лига и ја освои првата европска титула во својата историја.

Слични содржини