Ливерпул освои 10 последователни натпревари за прв пат по 13 години.

Тимот од Мерсисајд го победи Хадерсфилд со 5:0 синоќа и на крајот тимот го врати водството во
Премиер лигата, иако има меч повеќе од Манчестер Сити.
За „црвените“, оваа победа беше десетта последователна во сите турнири.
Серијата на тимот започна на 10 март со победа од 4:2 над Барнли, по што победи со 3:1 над Баерн,
2:1 над Фулам, 2:1 над Тотенхем, 3:1 над Саутемптон, 2:0 и 4:1 над Порто, 2:0 над Челзи и 2:0 над
Кардиф.
За последен пат тимот беше во слична серија во 2006 година.