Годината на Црвениот огнен мајмун официјално настапи на 8 февруари. Таа има подготвено многу и различни изненадувања за секој знак според кинескиот Зодијак. Еве што ве очекува на љубовен план.
Стаорец (1924, 1972, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020, 2032)
Родените во знакот на стаорец имаат прекрасна можност да сретнат некоја посебна личност во оваа година. Годината на Црвениот огнен мајмун одекнува добро со вашиот љубовен карактер. Благодарение на генијалноста на мајмунот, лесно ќе може ги да остварите вашите сензуални желби. Бидете отворени кон нешто ново во сексот.
Бик (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021, 2033)
Годината на Црвениот огнен мајмун повикува родените во знакот на бикот да бидат пофлексибилни во љубовта. Наместо да се обидувате да ги промените романтичните сфаќања на партнерот, покажете почит кон него.
Кохезијата и добрата комуникација ќе го зајакне односот помеѓу васи ќе ви даде повеќе романтика. Осамените претставниците на знакот ќе имаат добри изгледи за наоѓање на нова љубов оваа година. Патувајте повеќе, тоа ќе ги зголеми вашите шанси за интересни состаноци.
Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022, 2034)
Ако сте осамени, знајте дека ве очекува голема среќа на љубовен план. И покрај позитивните емоции, интересните врски и состаноци, не е добро да склучите брак во 2016-та година, но не пречи да се заљубите. Врзаните Тигри е важно да внимаваат со искушението да флертуваат.
Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023, 2035)
Најчувствителниот Зајак може да се почувствува игнориран во љубовта во годината на Црвениот огнен мајмун. Бидејќи претставниците на овој знак се посветени на односите, може да се појават ситуации, од кои ќе се почувствуваат повредени. Оние кои сè уште немаат партнер е добро да се научат да флертуваат, да бидат поагресивни во љубовта.
Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012, 2024, 2036)
Решени да ја најдат љубовта оваа година, сигурно ќе постигнат успех.Можно е за време на забавата или социјален настан да сретнат некој посебен за нив човек. Врзаните џинови ќе се радуваат на хармонија со партнерот. Годината е погодна и за зачнување.
Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013, 2025, 2037)
Змиите брзаат да најдат љубов од соништата. Страста и енергијата на мајмун ќе ги поттикне самохраните претставниците на знакот да се качат во сериозни односи. Годината не е добра за брак, бидејќи избрзаните одлуки во даден момент може да се покажат како разочарувачки за вас.
Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014, 2026, 2038)
За вас љубовта нема да дојде така лесно во годината на Црвениот огнен мајмун. Реализацијата на интелектуална врска со вашата сакана е од суштинско значење за родените во знакот на коњот.
Придавате големо значење и на интелигенцијата, на тоа партнерот да изгледа добро. Ако се наоѓате во врска, обезбедете си повеќе романтични моменти и не го земајте партнерот здраво за готово.
Овца / Коза (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015, 2027, 2039)
Песимистичката овца ќе има причина да гледа поведро оваа кинеска година на Mајмунот. Љубовта ќе доаѓа лесно кај соло претставниците на зодијачкиот знак. Во случај да сте во сериозна врска, обидете се да избегате од минатото.
Мајмуните ќе ги наградат оние од вас кои живеат во овој момент. Затоа патувајте повеќе, бидејќи тоа ќе ви помогне да се откриете со партнерот.
Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016, 2028, 2040)
Ентузијастичките мајмуни не би требало да имаат проблеми со наоѓање на љубовта во годината на Црвениот огнен мајмун. Тие ќе бидат уште порешени да ја најдат својата сродна душа.
Со атрактивната и долгоочекувана половина може да се судрите за време на забавата или друг културен и социјален настан. За оние од вас кои се посветени во партнерства е добро да започнете со највозбудливите планови.
Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017, 2029, 2041)
Наоѓање на љубов во оваа кинеска година ќе биде предизвик за критичниот Петел. Закачливостта и енергијата на мајмунот може да ве направат нетрпеливи. Ова ќе ве тера да експериментирате на љубовен план . Оние од вас кои се наоѓаат во сериозна врска, ќе ја зајакнат романтиката и љубовта еден кон друг, благодарение на непредвидливиот Мајмун.
Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018, 2030, 2042)
На повеќе љубов, која ќе дојде лесно, ќе се радуваат и родените во знакот на Кучето. Вашата позитивна енергија ќе се покаже привлечна за оние од вас кои бараат љубов.
Бидејќи годината е полна со изненадувања, има голема шанса да се врзете со некој кој е целосна спротивност на вас. Ако се наоѓате во врска, не заборавајте да го милувате почесто партнерот, но и да добивате толку љубов колку што ви е потребна.
Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019, 2031, 2043)
Галантната свиња ќе биде успешна во љубовта. Мајмунот ќе ги зголеми неговите сензуални желби, а тоа ќе му помогне да најде полесно поубава половина.
Од друга страна авантуристичкиот карактер на мајмунот ќе ѝ ја обезбеди на свињата можноста да патува и да се сретне некој посебен во текот на овие патувања. Врзаните претставници на знакот е добро да бидат посветени на партнерот.